Зоранчо Темелков ќе го суди мечот Работнички – Шкупи
Работнички ќе му биде домаќин на Шкупи в четврток, со почеток во 16 часот, на стадионот во Ѓорче Петров. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Зоранчо Темелков од Кавадарци ќе биде главен судија на мечот, а ќе му помагаат Горан Манасиев (Велес) и Петар Новачев (Велес). Четврти судија ќе биде Боби Величков (Велес).
За делегат на овој натпревар е одреден Џевдет Далипи од Кичево, а контролор на судењето ќе биде Петре Илиоски (Прилеп).