Трајчевски: Ги знаеме слабите страни на Шкупи, треба да ги искористиме
Работнички утре, со почеток во 16 часот, на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека Шкупи во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига. По ремито со Македонија ЃП, сега пред избраниците на Виктор Треневски е императив да се освојат трите бода.
„Не очекува нов тежок натпревар. Првенството влегува во својата завршна фаза, ритамот е навистина силен и нема многу време за размислувања и анализи. Се фокусираме на тоа што ни претстои и сакаме да ги освоиме трите бода против Шкупи. Добро се познаваме, ги знаеме нивните слаби страни, но ќе треба да знаеме и да ги искористиме. Верувам дека ќе стигнеме до успех, иако овојпат ќе бидеме домаќини во Ѓорче Петров“, вели капитенот Душко Трајчевски.
Работнички во пресрет на 29.коло се наоѓа на третата позиција со 47 освоени бода, а Шкупи е седмопласиран, со 29 бода.