Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Силекс – Работнички
Работнички утре (16.30 часот) ќе гостува во Кратово, каде ќе ги одмери силите со Силекс. Тоа е натпревар од 32.коло од Првата фудбалска лига на Македонија, а познати се и официјалните лица за оваа средба.
Главен судија на натпреварот ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Саше Тошевски (Скопје). Четврти судија е Мервин Топојани (Скопје), а судии зад голот – Боби Величков (Велес) и Марјан Младеновски (Скопје).
За делегат на овој натпревар е одреден Ајетали Дервиши (Тетово), а контролор на судењето ќе биде Мендо Дивитаров (Битола).