Марјан Ецкоски ќе го суди мечот Работнички – Вардар
Работнички в недела (16.30 часот) ќе игра против Вардар во рамките на 33.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Дуелот ќе го суди Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Кирил Негриески (Струга) и Симон Грданоски (Струга). Четврти судија ќе биде Марјан Маркоски (Охрид).
За делегат на овој натпревар е одреден Васко Кантарџиев (Струмица), а контролор на судењето ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).