Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Шкендија – Работнички
Работнички в недела ќе гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Шкендија во рамките на 34.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се игра во 16.30 часот, а одредени се и официјалните лица за оваа средба.
Главен судија на натпреварот ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје, а ќе му помагаат Никола Божиновски и Саше Тошевски од Скопје. Четврти судија ќе биде Мервин Топојани од Скопје. За судии зад головите се делегирани Дарко Стојчевски (Скопје) и Стојанче Трпчевски (Кавадарци).
За делегат на натпреварот е одреден Златко Ралевски од Битола, а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).