Стојанчо Велинов, засилување на Работнички за следната сезона
Фудбалскиот клуб Работнички го договори првото засилување за следната сезона. Со оглед дека настапите во квалификациите за Лигата на Европа ќе бидат во текот на летото, раководството на клубот веќе почна да размислува сериозно за оформување на тимот.
Ново засилување на Работнички за следната сезона е Стојанчо Велинов, напаѓачот кој оваа сезона го носеше дресот на Ренова. Тој потпиша договор на една година со нашиот клуб и по завршувањето на овој шампионат веќе ќе му биде на располагање на тренерот Виктор Треневски.