Илиев е третото летно засилување за Работнички
Раководството на Работнички работи активно на наоѓање на квалитетни засилувања со кои тимот би си ги зголемил шансите за што подобри резултати во квалификациите за Лигата на Европа.
Томислав Илиев од денеска е нов член на нашиот клуб, откако постигнавме договор со овој дефанзивец, кој експресно ќе му се стави на располагање на тренерот Виктор Треневски. Станува збор за 23-годишен играч кој настапува на позицијата десен бек и доаѓа од редовите на второлигашот Хоризонт Турново.
Илиев, кој потпиша тригодишен договор, е третото засилување за Работнички во овој преоден рок, по Стојанче Велинов од Ренова и Енис Дервиши од Шкендија.