Елмас дебитираше за А-репрезентацијата на Македонија
Суперталентот на Работнички, 17-годишниот Елиф Елмас, вечерва го имаше своето деби во А-репрезентацијата на Македонија. Тој настапи во второто полувреме на квалификацискиот меч против Шпанија (1-2) во Скопје, и остави одличен впечаток. Воопшто не делуваше импресионирано од ривалите кои се вистински мегаѕвезди на светскиот фудбал, како Давид Силва, Андреа Иниеста, Иско, Серхио Бускетс…
Во првиот состав на националниот тим на Македонија мечот против Шпанија беше и Ванче Шиков, додека Душко Трајчевски остана на клупата за резервни фудбалери.