Кадриу го засили нападот на Работнички
Управата на Работнички продолжува со успешно финиширање на преговорите за засилувања на играчкиот кадар на „романтичарите“, откако од денеска нов член на оваа екипа е и Флоријан Кадриу. Станува збор за напаѓач на Шкупи, кој се наоѓаше на листата со желби на тренерот Виктор Треневски, а раководството на клубот успеа да ги договори условите за реализација на овој трансфер.
Кадриу попладнево и официјално го стави потписот на едногодишниот договор со нашиот клуб и ќе биде дел од експедицијата на „романтичарите“ на подготовките во Словенија.
Само за потсетување, Кадриу е четвртото засилување на Работнички во овој преоден рок, откако претходно беа договорени и трансферите на Стојанче Велинов, Томислав Илиев и Енис Дервиши.
Тренерот Треневски за подготовките во Словенија нема да може да смета на Дамјан Шишковски, Кире Маркоски и Елиф Елмас, кои попладнево отпатуваа со младинската репрезентација на Македонија на настап на Европското Првенство во Полска.