Работнички со одлични услови за работа во Терме Чатеж
Тимот на Работнички е веќе во Словенија, во традиционалната летна база Терме Чатеж, каде ќе ја реализира втората фаза од подготовките. Шефот на стручниот штаб Виктор Треневски и фудбалерите ќе имаат одлични услови за подготовки во пресрет на новиот настап на меѓународната сцена, во квалификациите за Лигата на Европа.
Покрај планираните активности во тренажниот процес, Работнички во Словенија ќе одигра два пријателски натпревари. На 18 јуни во 17.30 часот ќе ги одмери силите со Скендербег, додека на 21 јуни, во Крањ, со почеток во 17 часот, ќе игра пријателски меч со хрватскиот првак Риека.