Зета, Тре Пене, Санта Колома, Флоријана и Сент Џозеф, можни ривали во ЛЕ
Пред денешниот ждреб за првото квалификациско коло во Лигата на Европа, Работнички го доби скратениот список на можни ривали, според распределбата. УЕФА го одреди Работнички како носител во групата 5, и согласно тоа, за потенцијални противници ги доби Зета (Црна Гора), Тре Пене (Сан Марино), Санта Колома (Андора), Флоријана (Малта) и Сент Џозеф (Гибралтар).
Ждребот ќе се изврши во 13 часот, во Нион, Швајцарија.