Судии од Гибралтар за мечот Тре Пене – Работнички во Лигата на Европа
Работнички в четврток (29 јуни) во Сан Марино ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа, против тимот на Тре Пене. УЕФА ги одреди службените лица за овој меч.
Главен судија на натпреварот ќе биде Џејсон Ли Барсело од Гибралтар. Ќе му помагаат Јохан Вард (Гибралтар) и Хуан Хозе Вилјада Кандилес (Шпанија). Четврти судија на овој натпревар ќе биде Јарослаф Борг (Гибралтар).
Натпреварот меѓу Тре Пене и Работнички е закажан за 29 јуни, со почеток во 20.30 часот, а ќе се игра на стадионот „Серавале“ во Сан Марино. Реваншот е на 6 јули, кога Работнички ќе биде домаќин на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.