Остварено ново спортско пријателство, со челниците на Тре Пене (ФОТО)
Работнички има уште еден спортски пријател со настапите во Европа, клубот Тре Пене од Сан Марино. Раководството на нашиот клуб имаше пријатен работен ручек со челниците на Тре Пене, воспоставувајќи едно ново пријателство, со надеж дека ќе биде негувано во наредниот период.
Неколку часа пред вечерашниот натпревар, раководните луѓе на Тре Пене го повикаа раководството на Работнички на официјална средба во пресрет на двомечот од првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Пријателството е веќе воспоставено, разменети се и пригодни подароци, а вечерва (20.30 часот) ќе следи и првиот меч меѓу двата тима на стадионот „Серавале“. Се разбира, Работнички ќе возврати на гостопримството со полна мера на реваншот во Скопје.