Пуштени во продажба билетите за мечот Работнички – Тре Пене
Работнички својот натпревар како домаќин против Тре Пене, в четврток, ќе го игра на комплексот “Петар Милошевски” во Куќата на фудбалот. Клубот од денеска ги пушти во продажба преку мрежата на МК Тикетс билетите за реванш натпреварот со Тре Пене, во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. Истите можат да се набават онлајн, а на денот на натпреварот и пред самиот влез на комплексот на ФФМ.
Цената на влезниците за натпреварот меѓу Работнички и Тре Пене изнесува 150 денари.