Литванци ќе го судат мечот Работнички – Тре Пене во Скопје
Работнички в четврток, со почеток во 17.30 часот, ќе го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против претставникот од Сан Марино, тимот на Тре Пене, а мечот ќе го судат арбитри од Литванија. УЕФА за главен судија на мечот го одреди Манфредас Лукјанцукас, а ќе му помагаат Витис Снаркис и Александр Радиус. Четврти судија на натпреварот ќе биде Миндаугас Јацкус.
Работнички од денеска ги пушти во продажба, преку мрежата на МК Тикетс, влезниците за овој натпревар, кои се по цена од 150 денари. Тие ќе можат да се купат онлајн, преку продажната мрежа на МК Тикетс, а непосредно пред натпреварот и пред комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, каде ќе се игра мечот.