Тимот му го честиташе роденденот на Митрев (ФОТО)
Фудбалерот на Работнички, Деан Митрев, денеска го слави својот 29.роденден. Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот го одбележаа со роденденска торта во хотелот при престојот во Белорусија.
Ќе беше тортата многу послатка доколку Работнички успееше да се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, но, сепак, белорускиот тим Динамо Минск беше подобар и славеше со 3-0.
Експедицијата на Работнички утре во попладневните часови се враќа во Македонија.