Работнички домаќин на Ренова в сабота, на стадионот во Ѓорче Петров
Работнички ќе ја стартува новата сезона во Првата лига со натпревар против Ренова, кој ќе се одигра в сабота (12.август) на стадионот во Ѓорче Петров. Поради презефатеност на теренот на арената „Филип Втори“, овој натпревар како домаќин Работнички ќе го игра во Ѓорче Петров. Почетокот на мечот е закажан за 17 часот.
Тренерот Виктор Треневски и фудбалерите ги вршат последните подготовки во пресрет на стартот на новиот шампионат, одработувајќи ги последните тренинзи.