Вечера во ’Македонско село’, како најава за стартот на шампионатот (ФОТО)
Работнички утре, со почеток во 17 часот, ја отвора новата сезона во Првата лига, со дуелот против Ренова на стадионот во Ѓорче Петров, а шефот на стручниот штаб Виктор Треневски во пресрет на првиот меч од новото првенство ги одведе фудбалерите на заедничка вечера во Македонско село. Заедништвото и тимскиот дух отсекогаш го краселе нашиот клуб, и во таков стил продолжуваме и во наредниот период.