Марјан Маркоски ќе го суди мечот Пелистер – Работнички
Работнички во рамките на второто коло од Првата лига в недела ќе му гостува на Пелистер во Битола. Мечот под „Тумбе кафе“ ќе се одигра со почеток во 17 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Маркоски (Охрид). На него ќе му помагаат Марјан Смилкоски (Прилеп) и Разме Бакрачески (Струга). Четврти судија на натпреварот е Саше Тошевски (Скопје). Судии зад головите се Кирил Смоквоски (Прилеп) и Тони Митревски (Битола).
За делегат на натпреварот е одреден Гоце Шопоски (Струга), а контролор на судењето ќе биде Миле Стојчевски (Скопје).