Остоја Стјепановиќ една година во Работнички!
Македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ е најновото засилување на Работнички, откако потпиша едногодишен договор за соработка со нашиот клуб.
Искусниот Стјепановиќ треба да биде големо засилување во средниот ред за тимот на Виктор Треневски во престојнава натпреварувачка сезона.
„Добиваме навистина квалитетно засилување со репрезентативецот Стјепановиќ кој искрено се надевам ќе ни помогне да стигнеме до нашите цели и амбиции во новата сезона“ – истакна по промоцијата претседателот на Работнички, Драган Поповски.
Задоволство од новиот ангажман истакна и 32-годишниот Стјепановиќ.
„Доаѓам во клуб со високи амбиции, сигурно еден од најдобрите на домашната фудбалска сцена. Лесно постигнавме договор со раководството на клубот за идна меѓусебна соработка. Верувам дека во иднина ќе продолжат резултатските успеси на тимот, како и досега“ – вели Стјепановиќ.
Претходен клуб на Остоја Стјепановиќ беше полскиот Сласк Вроцлав, а во својата богата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Вардар во Македонија, како и српските Партизан, Чукарички и ОФК Београд, австрискиот Матерсбург, Висла Краков во Полска како и АЕЛ Лимасол на Кипар.