И Бразилецот Серџо Антонио засилување за новата сезона
Бразилецот Серџо Антонио Да Луз Жуниор е најновото засилување на Работнички за новата сезона.
Со 23-годишниот напаѓач кој доаѓа од редовите на албанскиот Скендербег е потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година.
„Среќен сум што доаѓам во клуб како Работнички за кого знам дека е еден од најдобрите во Македонија. Верувам дека ќе може да му помогнам на тимот оваа сезона да дојде до своите цели“ – рече Жуниор по промоцијата во новиот дрес.
Серџо Антониот потекнува од фудбалската школа на Бело Хоризонте, од каде потоа се сели на европскиот континент.