shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Куп: Работнички – Шкендија (3-2)

Куп: Работнички – Шкендија (3-2)

Преглед

Работнички обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија откако триумфираше против Шкендија со 3-2 во осминафиналната пресметка на комплексот на ФФМ. Тимот на Милан Илиевски одигра одлично второ полувреме и ја надомести негативата што ја имаше по првиот дел (1-2).

Влатко Стојановски во деветтата минута донесе водство за Работнички со удар со глава, откако Дин Аломеровиќ испрати одличен центаршут од левата страна. Шкендија израмни во 17.минута, по корнерот од левата страна, а најснаодлив во петерецот беше Клисман Цаке.

Во 43.минута Дашмир Елези го лобуваше Игор Алексовски за 1-2.

Но, Работнички не се предаде. Во 47.минута, Марселин Гандо Биала постигна прекрасен гол со глава за 2-2, а Атдхе Мазари во 63.минута, се погрижи за комплетен пресврт.

Во финишот, Димитар Данев имаше колосална шанса да постигне четврти гол за Работнички, но голманот Костадин Захов успеа да го скроти неговиот удар. И Игор Алексовски имаше одлична интервенција и спаси израмнување во последниот напад на тимот од Тетово.