ФК Работнички ги известува сите новинари, фоторепортери и сниматели кои планираат да присуствуваат на натпреварот против Торпедо-Бегаз во четврток (18 часот) од квалификациите за Конференциската лига, дека е отворен процесот на акредитирање.
Барањата треба да се испратат на клупскиот мејл: media@fkrabotnicki.com
Краен рок за аплицирање е среда, 16 јули 2025, до 12:00 часот.
Во барањето задолжително треба да бидат наведени: назив на медиумот, име, презиме и функција (новинар, фотограф или снимател).
📌 Напомена: ФК Работнички го задржува правото да го ограничи бројот на издадени акредитации по медиум.