Работнички го именуваше Ален Тупајиќ за нов шеф на стручниот штаб. Тој веднаш ја презема екипата, откако претходно клубот се раздели со Алпарслан Ердем.
Српскиот стратег Ален Тупајиќ, кој има 50 години, пристигнува во Работнички по разделбата со Бор. Во својата кариера има работено и во бугарскиот Литекс Ловеч, каде што беше прв тренер, но и асистент на Љупко Петровиќ, стратегот кој ја одведе Црвена Звезда до европската титула.

Во својата богата тренерска биографија Тупајиќ има ангажмани и во Будуќност и Ал-Јахра како шеф на стручнуиот штаб, но и како прв асистент во Напредак Крушевац, Раднички 1923, Борац Бања Лука, Колубара, како и во Виетнам.
Тупајиќ своето деби на клупата на Работнички ќе го има на 24 ноември против Струга Трим Лум во Прва МФЛ.






