Алпарслан Ердем е нов шеф на стручниот штаб на Работнички

August 29, 2025

Турскиот стратег Алпарслан Ердем е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Ова е решението на раководството на нашиот клуб по разделбата со Бојан Маркоски.

Ердем минатата година го предводеше Шкупи, па добро го познава македонскиот фудбал. Договорот е потпишан до крајот на тековната сезона, со можност за продолжување.

Алпарслан Ердем во Турција има работено во редовите на Караѓумрук. Тој има 36 години, важи за еден од поквалитетните турски фудбалски стратези и веќе има завидно искуство. Како фудбалер има играно во Караѓумрук, Генчербирлиги, Истанбулспор, Букаспор, Галатасарај, а почетоците му се во Вердер Бремен.

Минатата сезона Работнички заврши трет во првенството предводен од Горан Станиќ и обезбеди настап во квалификациите за Конференциската лига. Новата сезона ја започна со настап на европска сцена под раководство на Бојан Маркоски.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.