Без голови во Кавадарци, Работнички жали за пропуштените шанси

August 10, 2025

Работнички одигра борбено реми без голови против Тиквеш во Кавадарци на отворањето на новата сезона во Првата фудбалска лига. Иако кавадарчани имаа поголем посед на топката и иницијатива, поубавите шанси за погодок ги создаде нашиот тим.

Тиквеш имаше привидна иницијатива и посед, обидувајќи се да го загрози голот на Васко Василев, но првата вистинска закана ја создаде Работнички во 30. минута. Далеј од слободен удар нафрли директно кон голот, а голманот Стевковски со извонредна интервенција ја спаси ситуацијата.

Само две минути подоцна, Вареловски возврати со удар од 15 метри, но Василев беше на вистинското место и одбрани. Во 43. минута, Калани нафрли од левата страна, а Дашмир Елези со акробатски волеј шутираше малку над голот.

Вториот дел донесе слична слика – Тиквеш напаѓаше, а Работнички беше дисциплиниран во одбраната се закануваше од контри.

Најголемата шнса на натпреварот дојде во 84. минута, кога Јован Бошнаков по брз противнапад излезе сам пред Стевковски, но голманот на Тиквеш со блескава одбрана ја сочува својата мрежа недопрена.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

September 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.