Бразилецот Калани Алмеида е ново засилување

June 16, 2025

Работнички го комплетираше своето трето засилување во летниот преоден рок, подготвувајќи се за настапите во квалификациите од Конференциската лига, како и за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Нашиот клуб потпиша двегодишен договор со 23-годишниот бразилски офанзивец Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида. Тој доаѓа од Словенија, каде што настапуваше за НК Горица и НК Томлин, а претходно во својата татковина играше за младинскиот погон на Атлетико Минеиро, како и за Ботафого-ПБ и Маринга. Има искуство и од Португалија.

Со ангажманот на Алмеида, тимот на Бојан Маркоски добива нова офанзивна опција во пресрет на европските предизвици.


Пред него, клубот веќе ги ангажираше голманот Васко Василев и напаѓачот Дашмир Елези.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

June 2025
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.