Mладинскиот репрезентативец Димитар Данев од Работнички направи трансфер во Вардар.
Данев, кој минатата сезона се покажа во одлично светло, потпиша договор со Вардар на четири години. Работнички ќе добие соодветна отштета за овој трансфер, имајќи предвид дека станува збор за еден од најталентираните млади фудбалери во земјава.
Иако има само 19 години, Данев веќе е редовен член на македонската репрезентација до 21 година.