С О О П Ш Т Е Н И Е
Фудбалскиот клуб Работнички жали што вчерашниот натпревар од 29.коло во Првата лига беше прекинат и фудбалерите на ФК Гостивар го напуштија теренот.
Ние секогаш ќе се залагаме за спортски фер-плеј и за фудбалско витештво, без разлика колкаво е значењето на натпреварот, со максимална почит кон сите субјекти (противници, судии, претставници на ФФМ, навивачи).
ФК Работнички секогаш максимално ќе се залага фудбалот да биде на прво место и бодовите да се освојуваат токму на теренот.