Гандо Биала со два гола го урна Пелистер!

April 19, 2025

Работнички остватри важна победа над Пелистер, славејќи со 2-1 во возбудлив меч од 28. коло на Првата македонска фудбалска лига. Иако гостите од Битола први се радуваа, нашиот тим не се откажа и со два гола на расположениот Гандо Биала направи целосен пресврт.

Мечот започна активно, Работнички веднаш даде до знаење дека сака трите бода. Прв се закани Абега Енианг, потоа и Аломеровиќ, но гостинскиот голман Јовчевски беше сигурен. Пелистер делуваше повлечено, но не беше безопасен – токму капитенот Мирко Ивановски во 39. минута го искористи еден одреден момент на конфузија во одбраната и ја смести топката во мрежата на Игор Алексовски за 0-1. Тоа беше резултатот со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме, Работнички тргна уште поенергично. Прво им беше поништен гол поради офсајд, но тоа не ги обесхрабри. Напротив – продолжија со притисокот. Во 65. минута Гандо Биала, по одлично нафрлување, скокна највисоко и со глава донесе израмнување.

Драмата се зголемуваше. Робакидзе се обиде со соло пробив, потоа го погоди и дирекот, но вистинската експлозија на радост дојде во 88. минута. Брз продор по левата страна од Далеј, ниско нафрлување во шеснаесетникот, а Гандо уште еднаш беше на вистинското место – 2-1 за еуфорија на трибините!

Со оваа победа, Работнички се зацврсти на третото место на табелата со 52 бодa, во пресрет на последните пет кола од шампионатот, во трката за излез во Европа.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

April 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.