Маркоски: Ова беше убава европска лекција за нас и треба да извлечеме поуки

July 17, 2025

Работнички ја завршија својата европска авантура во првото квалификациско коло од Конференциската лига, откако и на реванш-средбата загуби од белорускиот Торпедо Белаз, овојпат на домашен терен со 0-1.

 

По натпреварот, тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, даде искрена и реална анализа.

„Честитки за екипата на Торпедо Белаз. Се покажа дека подобриот тим оди понатаму. Беа подобри и поискусни, и јасно е дека се во натпреварувачка форма. Ние сè уште ја бараме својата вистинска форма пред почетокот на сезоната. Имаме потенцијал, но ни претстои уште многу работа. Ова натпреварување беше важно искуство и голема лекција за сите нас“, изјави Бојан Маркоски.

За Работнички останува да се фокусира на подготовките за новата сезона во домашното првенство, со надеж дека стекнатото искуство од европските настапи ќе помогне да се изгради поцврст и поконкурентен тим на домашната сцена.

 

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

August 2025
M T W T F S S
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.