Маркоски: Работнички не заслужи да загуби толку убедливо

July 10, 2025

Работнички доживеа убедлив пораз (3-0) од Торпедо-Бегаз на неутрален терен, во Унгарија, во првиот меч од воведното квалификациско коло од Конференциската лига.

Тренерот Бојан Маркоски на прес – конференцијата изјави дека неговиот тим не заслужил да загуби толку убедливо.

„Беше тоа тежок натпревар и убедлив пораз за нас, а според мое мислење не заслуживме таков пораз од 3-0. Противникот беше поискусен тим, знаеше тоа да го искористи, го отвори резултатот од корнер, од воиграна акција која пред мечот им ја напоменавме на играчите. Првите 15 минути имаа контрола, потоа беа и многу подобар тим. Ние имавме една шанса пред крајот на првото полувреме која требаше да ја реализираме. Го започнавме вториот дел подобро, но имаше две ситуации во кои не реагиравме најдобро и тие постигнаа уште два гола. Еден шут заврши во мрежата, а во судиското продолжение беше неприфатливо да примиме уште еден гол. Но, има уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да ја надоместиме негативата, не се откажуваме, ќе го дадеме максимумот“, изјави Бојан Маркоски.

Реваншот меѓу Работнички и белорускиот тим Торпедо-Бегаз се игра на 17 јули, со почеток во 18 часот, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

July 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.