Матеј Ангелов голот против Гостивар го посвети на Андреј Лазаров (Фото)

April 27, 2025

Работнички успеа да направи пресврт (1-2) против Гостовар во важниот меч за излез во Европа, во 29.коло од Првата фудбалска лига. Пред крајот, откако Работнички постигна два гола, преку Ангелов и Далеј, фудбалерите на Гостивар одлучија да го напуштат теренот. Сепак, тоа секако не го намалува успехот на нашиот тим на овој дуел.

Матеј Ангелов одигра одличен меч, беше стрелец на израмнувачкиот гол во 79.минута, кој му го посвети на Андреј Лазаров, поранешниот член на Работнички, кој го загуби животот во големата трагедија во Кочани.

Откако го постигна погодокот, Ангелов го соблече дресот и ја покажа маичката со ликот на Андреј Лазаров. Потег за респект. Андреј Лазаров никогаш нема да биде заборавен!

Фото: Игор Паневски

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.