Работнички доживеа пораз (3-2) од Брера во Струмица во последното 33.коло од првенството во Првата лига. Нашиот тим го заокружи шампионатот на третата позиција и обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ беше исполнет со убави голови и емоции. Двата гола на Работнички беа прекрасни, а ги постигнаа Стефан Лазаревиќ и Теодор Николовски.
Брера поведе со 2-0 благодарение на головите на Нзенге во 15. минута и Велков во 28. минута. Работнички се врати во игра преку еврогол на Лазаревиќ, но во второто полувреме Брера доби пенал кој успешно го реализираше капитенот Мартин Ѓорѓиевски во 58. минута.
Работнички го ублажи поразот со убавиот погодок на Теодор Николовски од слободен удар во 82. минута.