Пораз од Партизани Тирана на првиот тест во Охрид

June 24, 2025

Работнички денеска доживеа убедлив пораз од 0-3 во пријателскиот натпревар против албанскиот прволигаш Партизани Тирана, кој се одигра во Струга. Тимот на Бојан Маркоски сѐ уште не успева да ја стабилизира одбраната, што беше клучен фактор за убедливиот резултат.

Гостите поведоа уште во 18-тата минута преку Кеко од пенал, кој беше досуден по грешката на голманот Васко Василев, кој при обид да ја исфрли топката, направи фаул врз противнички играч.

Само шест минути подоцна, уште една грешка во одбраната, овојпат од новото засилување Амир Велиќ, му овозможи на Скука да зголеми на 0-2.

Во завршницата од мечот, во 87-та минута, судијата досуди уште еден, доста сомнителен пенал за Партизани. Василев успеа да го одбрани првиот обид, но Гарсија ја вметна одбиената топка во мрежата за конечни 0-3.

Ова е прв пораз за Работнички во летниот подготвителен период, по реми натпреварите против Силекс (0-0 во Кратово и 1-1 во Скопје). Следниот тест е закажан за 27 јуни против косовскиот тим Балкани во Охрид.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

September 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.