Работнички загуби од Струга Трим Лум на гости со 2-0, на отворањето на третото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани беа подобар ривал и успеаја да стигнат до три бода пред својата публика.
По неколкуте интервенции на голманот Василев, пресвртниот момент се случи пред паузата, кога Велиќ направи прекршок врз Компаоре во шеснаесетникот. Напаѓачот ја презеде одговорноста и реализираше пенал за 1-0 во 45.минута.
Во второто полувреме, Работнички успеа да погоди преку Теодор Николовски, но погодокот беше поништен поради игра со рака. Нашиот тим имаше и статива преку Хоџа во 80. минута, а во финишот д дуелот Христијан Малески ги постави конечните 2-0.
Во следното коло, Работнички ќе ја пречека Шкендија, а Струга ќе гостува кај Башкими во Куманово.