Прес пред мечот со Торпедо: Работнички е подготвен за европскиот предизвик

July 9, 2025

Работнички се враќа на европската сцена по пауза од седум години, со надеж за успешен настап. Тренерот Бојан Маркоски е уверен дека неговите избраници можат да излезат со поволен резултат против белорускиот тим Торпедо-Белаз.

„Дојде време за европскиот предизвик. Темелно се подготвувавме, детално го анализиравме противникот. Торпедо-Белаз има квалитет, но нашата цел е да го започнеме ова европско лето со позитивен резултат. Имам доверба во моите играчи и сигурен сум дека ќе дадат сѐ од себе за да ја оствариме зацртаната цел. Сакаме да се вратиме во Скопје за реваншот со предност и со реални шанси за пласман понатаму. По седум години повторно играме на европска сцена, и тоа е дополнителен мотив за сите – и на овој натпревар во Унгарија и на реваншот дома“, изјави Маркоски.

Капитенот Бесир Демири, пак, е оптимист дека тимот има сили да го мине првото квалификациско коло.

„Уште од првиот ден на подготовките се фокусиравме на овој момент. Тимот е целосно подготвен, знаеме што сакаме и веруваме дека, ако ја исполниме тактичката замисла на нашиот тренер, можеме да стигнеме до посакуваната победа. Новите играчи добро се адаптираа, атмосферата во екипата е одлична и сите сме сконцентрирани на првиот меч против Торпедо-Белаз. Не очекува тежок натпревар, но веруваме дека ќе излеземе како победници“, рече Демири.

Мечот меѓу Торпедо-Белаз и Работнички се игра утревечер, со почеток од 20 часот, на стадионот на Халадаш во Сомбател, Унгарија.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

July 2025
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.