Работнички продолжува со ангажман на нови засилувања во пресрет на европските предизвици. Амир Велиќ (26), босанскиот интернационалец кој игра на стоперската позиција е најновото засилување за клубот од Дебар Маало.
Тој потпиша двегодишен договор и се приклучува на тимот на Бојан Маркоски кој значително ја реновираше одбраната ова лето.
Во досегашната кариера Амир Велиќ има настапувано за босанскиот прволигаш Игман Коњиц, како и за Горажде, Орашје…