Работнички продолжува да биде активен ова лето на трансфер пазарот. Покрај ангажманот на неколку нови засилувања, раководството на клубот паралелно размислува и за иднината, задржувајќи ги најдобрите млади фудбалери за подолг период.
Во таа насока, денеска нов договор со Работнички потпиша младинскиот репрезентативец Теодор Николовски. Тој потпиша продолжување на соработката до 2028 година.
Нашиот тим се наоѓа во Охрид и се подготвува за квалификациите во Конференциската лига, а прв ривал ќе биде белорускиот клуб Торпедо-Белаз.