Работнички испушти победа против Арсими и одигра 2-2

October 29, 2025

Работнички испушти голема шанса за победа на гостувањето кај Арсими и мораше да се задоволи со само еден бод, откако натпреварот заврши со реми 2-2 (0-2) во единаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига.

Првото полувреме беше динамично и отворено на двете страни. Нашиот тим го отвори мечот за нијанса подобро и покажа желба за надигрување, но и Арсими имаше неколку солидни шанси. Најзрелата ја имаше напаѓачот Шефит Шефити, чиј удар го одбрани голманот Василев. Потоа следеше период на борба на средината на теренот, а Работнички се закани преку Димитар Трајков, кој успеа да ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.

Кога се чинеше дека првото полувреме ќе заврши со почетниот резултат, Работнички приреди „блицкриг“ од два гола за само околу една минута. Демир Имери го отвори резултатот со прекрасен погодок од работ на шеснаесетникот, а веднаш потоа домаќините си постигнаа автогол, па Работнички замина на пауза со двојна предност (0-2).

Во второто полувреме Арсими тргна похрабро и поофанзивно. Домаќините се заканија неколку пати преку Бесагиќ и Цуцули, но првата вистинска шанса за погодок ја реализира искусниот Башким Велија. Со гол од триесетина метри, тој намали на 1-2 во 69. минута.

Нововлезениот Калани имаше можност за трет гол, но неговиот удар заврши крај дирекот. Домаќините имаа шанса и преку Игнатов, но резултатот остана непроменет.

Сепак, Арсими дојде до 2-2. Резервистот Албан Таипи во 84. минута постигна погодок за израмнување, потврден по долгата проверка во ВАР-собата.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

November 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.