Работнички минимално поразен од Шкендија, пресуди голот на Тамба

September 24, 2025

Во заостанатиот меч од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига, Работнички загуби од Шкендија со минимални 0-1. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот на ФФМ, а херој на тетовци беше Фабрис Тамба, кој во 67. минута го постигна единствениот погодок.

Првото полувреме мина без поголеми возбудувања. Алхасан се обиде со удар од далечина, но непрецизно, додека Далеј беше најблиску до гол за Работнички, но неговиот удар беше блокиран.

По паузата, Шкендија ја презеде иницијативата. Абега во 60. минута имаше одлична можност, но премногу ја одложи завршницата, па Мелиќи успеа да интервенира и да избие во корнер.

Сепак, гостите ја материјализираа надмоќта седум минути подоцна. Мазари одлично го пронајде Тамба во шеснаесетникот, кој со прецизен удар ја затресе мрежата. Ситуацијата беше проверувана преку ВАР поради сомнеж за офсајд, но погодокот беше потврден.

Работнички веднаш се обиде да се возврати. Димитар Трајков во 70. минута упати силен удар, но Гаје со извонредна одбрана со нога спречи израмнување.

До крајот резултатот остана непроменет, па бодовите ги освои Шкендија.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

September 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.