Тимот на Работнички одигра пријателски натпревар против Силекс во Кратово кој заврши без голови – 0-0.
Очигледно е дека екипите на Бојан Маркоски и на Александар Васоски сè уште се воигруваат и се наоѓаат во првата фаза од подготовките за новата сезона.
Силекс имаше иницијатива во првото полувреме и создаде неколку добри шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Во вториот дел, Работнички возврати, а најблиску до погодок беше Теодор Николовски, кој со удар од далечина ја погоди гредата од голот на Силекс.
Двата тима ќе одиграат уште еден пријателски натпревар в сабота, во Скопје.