Работнички поразен од Башкими на гостувањето во Куманово

November 8, 2025

Работнички доживеа пораз (2-1) од Башкими во 13.коло од Првата фудбалска лига. По ова остана на пртетпоследната позиција на табелата со седум освоени бода.

Натпреварот започна со умерен притисок од страна на Работнички, но без вистинска закана за домашниот голман. Првата вистинска прилика ја имаше Башкими — во 18. минута, Симоновски по нафрлување од левата страна убаво ја смири топката на гради и упати силен удар, но Јакимов со одлична интервенција спречи водство. Само неколку минути подоцна, повторно Симоновски се најде во шанса, овојпат по нафрлување на Јахја, но неговиот удар со глава заврши крај дирекот.

Пред полувремето, домашните го крунисаа подобриот впечаток. Абдулхади Јахја најдобро се снајде во шеснаесетникот и го совлада голманот на Работнички за 1-0.

Во вториот дел, на тешкиот терен, Башкими продолжи со поцврста игра и успеа да ја удвои предноста преку Аворнио, кој по убав центаршут погоди со глава за 2-0.

Иако Работнички се обиде да се врати во игра со неколку офанзивни измени, стигна само до почесен погодок во 87. минута, кога Дитмир Хоџа по додавање од Далеј намали на 2-1.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.