Работнички поразен од Силекс (0-3) на Арената

December 7, 2025

Работнички доживеа пораз (0-3) од Силекс 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Со овој пораз нашиот тим останува претпоследен со само седум освоени поени по првиот дел од сезоната.

Мартин Мирчевски беше човек на мечот со два постигнати гола, а еднаш се запиша и Дарко Додев. Сите три погодоци паднаа во првото полувреме.

Работнички прв се закани во осмата минута преку Тимовски од слободен удар, но Василев успешно интервениреше. Само две минути подоцна, Силекс стигна до водство по големо недоразбирање меѓу голманот Васко Василев и домашната одбрана – Мирчевски тоа го искористи и со прецизен лоб ја затресе мрежата.

Во 13. минута, Мирчевски повторно беше на вистинското место и по нова грешка на Работнички ги зголеми на 0-2 шансите за својата екипа.

Работнички можеше да се врати во игра преку Димитар Трајков, но голманот Љупчо Џеков со одлична одбрана го спречи погодокот.

Во 43. минута, Дарко Додев по извонредно додавање од Илија Донов влезе во шеснаесетникот и со сигурен удар во далечниот агол постави 0-3.

Во вториот дел, домаќините се обидуваа барем до почесен гол, но не успеаја, додека Силекс само рутински го приведе мечот кон крај, задоволен од ефективното прво полувреме.

Пратете ни порака или прашање

ФК Работнички

rabotnichki-b

ХЕРОЈОТ ОД ДЕБАР МААЛО
Формиран на 4 октомври 1937 година

СТАДИОН

nacionalna arena todor proeski

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ТОДОР ПРОЕСКИ

Капацитет: 33.011 гледачи

Календар

December 2025
M T W T F S S
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Copyright © ФК Работнички. All rights reserved.