Работнички продолжува со својата стратегија за ангажирање на најталентираните македонски фудбалери. Во таа насока е и последниот потег – потпишувањето на договори со младите таленти, тинејџерите Лорент Жаку и Дитмир Хоџа.
Двајцата денеска ставија потпис на тригодишни професионални договори со ФК Работнички и официјално беа промовирани како нови првотимци.
Работнички излезе како победник во трката за потписите на Жаку и Хоџа, за кои сериозен интерес покажаа и неколку македонски прволигаши, особено Струга Трим Лум и Шкендија.
Лорент Жаку настапува на позицијата играч за врска, додека Дитмир Хоџа игра во нападот. И двајцата се дел од младинските селекции на Македонија.