Работнички одигра 1-1 против Шкупи во Струга во рамки на деветтото коло од Првата МФЛ. Со ова реми нашиот тим стигна до петтиот бод, а може да жали и за триумфот од овој меч.
Домаќинот поведе во 25. минута преку Ерион Шуку, кој ја искористи грешката на голманот Јакимов по ударот на Луис Рибеиро.
По паузата, Работнички заигра поофанзивно, а Ермедин Адем во 61. минута го израмни резултатот.
Во финишот, Работнички имаше неколку изгледни шанси за пресврт, а најголемата во 89.минута, кога топката не влезе во голот и по три обиди. Димитар Трајков шутираше со глава од слободен удар, а противничкиот голман одбрани во последен момент, одбиената топка Велиќ ја упати кон гол, но беше спасена на гол-линијата, а потоа и Велкоски ја погоди гредата. Сепак, до втор гол не дојде, па мечот заврши без победник.